Колач со свежи смокви и ванила маскарпоне
Подготовката на овој вкусен колач тече по овој редослед
Ја загреваме рерната на 180 степени.
1. Путерот и шеќерот ги матиме со миксер, па додаваме едно по едно јајце. Матиме додека смесата да се убаво соедини. Ги додаваме брашното, пецивото, зачините. Сечкаме околу 5-6 смокви и ги сосединуваме во тестото.
2. Во намрсен и набрашнет калап за торти го ставаме густото тесто за колачот. Со лажица фино го распоредуваме. Одозгора редиме смокви кои сме ги пресекле на половинки и ги распоредуваме листовите бадем.
Печеме околу 45 минути.
3. Откако ќе го извадиме колачот од рерната убаво го ладиме. Потоа го боцкаме со стапче за ражничи или со чепкалка, па го прелеваме со мед.
4. Маскарпонето го матиме со шеќерот во прав и содржината од ванила стапчето. Го сервираме колачот со маскарпоне филот.
Забелешка
Ако немате ситен кафеав шеќер, сомелете го во машинка за мелење кафе.
Ако додека се пече тестото бадемот почнува да ви се запекува многу, покријте го колачот со алуминиумска фолија или хартија за печење.
Во маскарпонето додадете шеќер по вкус, ако сакате да ви е поблаго.
Тестото го боцкаме за да впие повеќе мед.
Калапот за торта ми е со дијаметар од 20 см.
Рецепт за домашно маскарпоне имате овде
Уживајте !!
Лиценца: Сите права се задржани
Искористената мешумка jа клавам во едно тегленце со шекер и тоj си се ароматизира.