Крем-капучино чизкејк кој воодушеви со својот вкус. Сите слаткољупци воодушевени...

Подготовка
1. Чоколадната готова кора Винчини ја редиме во тава бр.26 со обрач.
2. Желатинот го раствораме во 50 мл вода, па го загреваме да се растопи.
3. Киселата павлака, киселото млеко, слатката павлака и шеќерот во прав ги матиме со миксер.
4. Го додаваме растопениот желатин па матиме.
5. Смесата ја делиме на два дела. Во едниот додаваме чоколаден крем, капучино, чоколадото во прав и ренданото чоколадо.
6. Во белиот дел додаваме бел млечен крем и го распоредуваме врз кората.
7. Потоа го ставаме чоколадниот дел и со нож нежно размешуваме.
8. Оставаме да стегне во фрижидер неколку часа.
9. Чизкејкот го украсуваме со разматената слатка павлака во која сме ставиле счоколаден крем и какао.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани