Капучино чизкејк со крем (без печење)
Состојки
- 1 чоколадна кора Винчини
- 150 гр кисела павлака
- 150 гр кисело млеко
- 400 мл слатка павлака
- 200 гр шеќер во прав
- 10 гр желатин
- 100 гр бел млечен крем Винчини
- 100 гр чоколаден крем винчини
- 50 гр рендано чоколадо
- 1 лажица полна капучино со вкус на чоколадо
- 1 лажица чоколадо во прав
- За фил
- 150 мл слатка павлака
- 2 лажици чоколаден крем винчини
- 1 лажица какао
Подготовка
Крем-капучино чизкејк кој воодушеви со својот вкус. Сите слаткољупци воодушевени...
Подготовка
1. Чоколадната готова кора Винчини ја редиме во тава бр.26 со обрач.
2. Желатинот го раствораме во 50 мл вода, па го загреваме да се растопи.
3. Киселата павлака, киселото млеко, слатката павлака и шеќерот во прав ги матиме со миксер.
4. Го додаваме растопениот желатин па матиме.
5. Смесата ја делиме на два дела. Во едниот додаваме чоколаден крем, капучино, чоколадото во прав и ренданото чоколадо.
6. Во белиот дел додаваме бел млечен крем и го распоредуваме врз кората.
7. Потоа го ставаме чоколадниот дел и со нож нежно размешуваме.
8. Оставаме да стегне во фрижидер неколку часа.
9. Чизкејкот го украсуваме со разматената слатка павлака во која сме ставиле счоколаден крем и какао.