2 кг.брашно, 1 коцка квасец(40гр), 4 лажици сол, 4 лажици оцет , 1/2 филџан шеќер (филџан од 150мл), 3 филџани зејтин ( исто од 150мл), 1 пак.прашок за пециво, 1 пак.панко, 500 мл.млеко и 500мл вода, 2 белки (жолчките се за премачкување на кифлите). Млекото и водата малку се загреваат и се замеси тесто од сите наведени состојки. Tестотo се оставa да стаса и после стасаното тесто се дели на 4 дела ( јас од оваа количина правам од 80-85 кифли може и повеќе ако сакате поситни кифли) и секој дел се дели на 20-22 парчиња зависи....се сукаат кифлите и се премачкуваат со жолчка, малку зејтин и 1 лажица млеко. Се посолува по желба со сусам и едра сол и сл.
Се оставаат да стасат и се печат
Добар апетит.
Кој пробал знае, а кој ќе се одлучи да ги проба редовно ќе ги има на својата трпеза...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови