Шарено лепче.
Прво се загрева млекото, па се додаваат квасецот и шеќерот.
Нека постои 5 минути, па се додаваат останатите состојки и се замесува тесто.
Нека кисни 15 минути и се дели на половина.
Во едната половина се додава какаото и убаво се меси.
Сега се формираат од темното тесто танки ваљаци.
Од белото тесто се сучи танка коричка, во средината се става темно тесто и се заролува.
Се редат во калап за леб (или ќе требаат 2 силиконски на делимано)прво 3 па врз нив уште три ролнички.
По желба се премачкува со јајце и се печи околу 20 минути на 200 степени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани