Едноставна мрзлива (лења) пита
Изматете ги јајцата со шеќерот се додека шеќерот убаво не се растопи.
Додадете го маслото и јогуртот, па брашното и пецивото.
Смесата поделете ја на 2 еднакви дела.
Еден дел ставете во намастен сад 25х35 и ставете го во загреана рерна од 190 степени да се печи околу 10 мин.
За тоа време во маслото пропржете ги ренданите јаболка со шеќерот, па потоа додадете го гризот и циметот.
Извадете го садот од рерна и премачкајте го целиот фил на скоро печеното тесто, па одозгора распоредете го и вториот дел од смесата за тестото.
Печете додека одозгора не фати убава печена кора.
Печениот колач посипете го со шеќер во прав, па кога пристојно ќе олади исечете го на коцки и уживајте.
Шољата е од 215мл.
Лиценца: Сите права се задржани
Сликата е резултат на случајно повторена фотосесија некаде на полноќ и на мое пријатно изненадување излезе задоволувачка :Р
Лили-Сакав да не е многу висока, па можеби затоа и двата слоја си дојдоа иста висина, но мислам дека има врска и тоа што тестото е скоро печено, па така нема толку шанси да спаѓа, а рерната кај мене засега е успешна во силно печење ;)
Марџи-Питата е толку „питома“ :) што самата дозволува да се сечи онака како што би посакала за разлика од некои други работи за кои треба повеќе енергија за да се направи совешено парче ;)
Cestitki za rec na denot:)
Честитки Клара!
Само никогаш не ми било јасно зошто така се вика?!?! Според мене, ако веќе треба да уклучиш миксер, па треба да рендаш јаболки пола саат, па и на два пати да печеш... нема ништо мрзеливо тука! ;)