Едноставна мрзлива (лења) пита
Состојки
- 4 јајца
- 1 шолја шеќер
- 1 шолја јогурт
- 1 шолја масло
- 2 шолји брашно
- 1 прашок за печење
- * Фил
- 1 кг јаболка
- 3 лажици масло
- 3 лажици гриз
- 1 шолја шеќер ( или по вкус)
- 1 лажичка цимет
Подготовка
Изматете ги јајцата со шеќерот се додека шеќерот убаво не се растопи.
Додадете го маслото и јогуртот, па брашното и пецивото.
Смесата поделете ја на 2 еднакви дела.
Еден дел ставете во намастен сад 25х35 и ставете го во загреана рерна од 190 степени да се печи околу 10 мин.
За тоа време во маслото пропржете ги ренданите јаболка со шеќерот, па потоа додадете го гризот и циметот.
Извадете го садот од рерна и премачкајте го целиот фил на скоро печеното тесто, па одозгора распоредете го и вториот дел од смесата за тестото.
Печете додека одозгора не фати убава печена кора.
Печениот колач посипете го со шеќер во прав, па кога пристојно ќе олади исечете го на коцки и уживајте.
Шољата е од 215мл.