1. Квасецот се раствара во топло млеко и една лажица шеќер и се остава да стаса.
2. Во длабок сад ги ставаме брашното, жолчките и омекнатиот маргарин. Го додаваме стасаниот квасец и го замесуваме тестото. Го префрламе на набрашнета работна маса и добро го месиме. Кога добро ќе се измеси целото тесто го делиме на 5 еднакви дела и ги оставаме покриени со крпа да стојат 2 часа.
3. Од секој дел од тестото развлекуваме правоаголна кора колку што е голема тавата и тоа го правиме малку со сукало, малку со раце додека ја добиеме саканата форма.

Подготовка на филовите*

Прв фил*
Во зовриено млеко со шеќер се додава мелениот афион, се смалува температурата и се додава медот и кората од лимон. Се заедно се вари уште 5 мин. на тивко и се остава филот добро да се излади.

Втор фил*
Во зовриено млеко со шеќер се додаваат оревите, се вари на тивко уште 5 мин. со постојано мешање и се остава да се излади.

Трет фил*
Излупените јаболка ги рендаме и ги цедиме од сокот.Го додаваме шеќерот и се заедно вариме на тивко 10 мин.Во изладен фил го додаваме циметот.

Тавата во која ќе се прави колачот мора да биде длабока и правоаголна и намачкана со масло.
Се реди кора па фил од јаболка, кора па фил со афион, кора па фил со ореви, кора, па добар слој мармалад од кајсии и на крај се завршува со кора.
Се пече во загреана рерна на 180 Ц. 10 мин. а потоа на 150 Ц.уште 45-60 мин.
Кога ќе се излади колачот се премачкува со тенок слој мармалад и се става одозгора мелени или сечкани ореви.

Овој колач сигурно ќе им се допадне на сите оние кои сакаат вакви слоевити колачи со мноогу фил. Го имам видено се продава во сите поголеми маркети спакуван во целофан и порано често го купував ама сега откако ја најдов рецептата сама го правам...Мене многу ми се допаѓа))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови