Еврејски колач
1. Квасецот се раствара во топло млеко и една лажица шеќер и се остава да стаса.
2. Во длабок сад ги ставаме брашното, жолчките и омекнатиот маргарин. Го додаваме стасаниот квасец и го замесуваме тестото. Го префрламе на набрашнета работна маса и добро го месиме. Кога добро ќе се измеси целото тесто го делиме на 5 еднакви дела и ги оставаме покриени со крпа да стојат 2 часа.
3. Од секој дел од тестото развлекуваме правоаголна кора колку што е голема тавата и тоа го правиме малку со сукало, малку со раце додека ја добиеме саканата форма.
Подготовка на филовите*
Прв фил*
Во зовриено млеко со шеќер се додава мелениот афион, се смалува температурата и се додава медот и кората од лимон. Се заедно се вари уште 5 мин. на тивко и се остава филот добро да се излади.
Втор фил*
Во зовриено млеко со шеќер се додаваат оревите, се вари на тивко уште 5 мин. со постојано мешање и се остава да се излади.
Трет фил*
Излупените јаболка ги рендаме и ги цедиме од сокот.Го додаваме шеќерот и се заедно вариме на тивко 10 мин.Во изладен фил го додаваме циметот.
Тавата во која ќе се прави колачот мора да биде длабока и правоаголна и намачкана со масло.
Се реди кора па фил од јаболка, кора па фил со афион, кора па фил со ореви, кора, па добар слој мармалад од кајсии и на крај се завршува со кора.
Се пече во загреана рерна на 180 Ц. 10 мин. а потоа на 150 Ц.уште 45-60 мин.
Кога ќе се излади колачот се премачкува со тенок слој мармалад и се става одозгора мелени или сечкани ореви.
Овој колач сигурно ќе им се допадне на сите оние кои сакаат вакви слоевити колачи со мноогу фил. Го имам видено се продава во сите поголеми маркети спакуван во целофан и порано често го купував ама сега откако ја најдов рецептата сама го правам...Мене многу ми се допаѓа))
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
.Ne ja znam taa Memurska gibanica sega ke proguglam da ja vidam,a kolacot mozam da kazam e fantazija.Mene me bendisuva mnogu i znam da go napravam od vreme na vreme:))Jas cekam ti taa tvojata pita so puding i afion da ja stavis od koga ja merkam ama ke dojde i taa na red kaj mene :))
A moirecepti kaj mi e cetvrtiot fil? Se izgubi po pat :)))...treba da stoi marmalad od kajsii :))
Isti se filovite, samo mesto testo kako vo ovaa pita, tamu sloevi tegnati ili gotovi kori se stavaat... Kombinacijata na site ovie vkusovi e posebna :)
ќе морало да го јадеме после, а како немаме осет за јадење, ќе болат мешлаци :) :) :) :)
Jas draga Maja ti cestitam za Receptot na mesecot, a istovremeno go cestitam ovoj praznik na site sto go slavat!
А за провеката што ми ја препорача,да,проверив на неколку сајтови и има јасен одговор на прашањата од типот дали Евреите слават Hallowen,Thanksgiving,Diwali,Valentine и сл празници и одговорот беше не.
Дури и еврејскиот календар за 2012 го проверив,немаше
А ако слават некои твои пријатели,врз не знам која основа ваков празник,нека им е со среќа.Впрочем секој си има свои убедувања и објаснувања.Исто како што и ние македонците знаеме понекогаш да славиме повеќе туги отколку наши празници.
Поздрав
Поздрав
Значи овие два празника иако се наречени Ден на светлината во суштина се сосема различни.
И јас мислам да не ја катанчиме баш тука кај Маја,се надевам дека нема да ни замери.ако за ништо друго барем за тоа дека колачот е прекрасен ќе се согласиме,а за празникот...што се однесува до мене,еве нека биде Денот на ослободувањето на Скопје :)
Поздрав и до тебе и убав помин
ајде сега покрај честитките за маја и колачот и јас да ќарам некоја честитка (се зезам де) :) :) :) :)
Sreken rodenden!!!
BTW, trieset i kolku stanaa?
Маја јас ти посакувам се најубаво во претстојната година и најсреќни и весели празници.
Љубица
Srekni praznici i se' najdobro i jas na tebe ti posakuvam vo ovaa godina sto e pred nas!! :)