Дроб сарма
Готвам јас и традиционална храна - понекогаш..... Листата на состојки за некого можеби одбивна, ама за сладокусците, верувам, привлечна...
Ова јадење само еднаш во годината се прави кај мене, за Велигден, исто како што пифтија само за Божиќ се спрема...
Црниот џигер, срцето и сплината исецкајте ги на ситни коцки. Од белиот џигер отстранете ги сите `рскавични делови и ситно исецкајте го. Ситно исцкајте ги кромидчето и лукчето.
На средно силен оган во пошироко плитко тавче загрејте го маслото, па запржете ги кромидчето и лукчето. Додајте ги исецканите изнутрици и запржете ги да ја променат бојата. Посолете, побиберете, додајте го најгвирцот и мајчината душица, додајте сосема малку вода или бело вино па динстајте додека добро не се омекни содржината во тавчето. Пред крај додајте 1 - 2 лажици ориз, ако треба додајте малку течност, да се свари оризот. Нека се подолади, па додајте 1 јајце и 1 рака ситно сецкан магдонос. Измешајте и дотерајте го вкусот.
Марамицата исечете ја на парчина, или оставете ја цела, како Вам ви одговара. Завиткајте ги изнутриците во неа, па наредете ја дроб сармата во керамичка тава.
Загрејте ја рерната на 180 Ц.
Додајте во тавата неколку лажици супа или бело вино, посипете ја дроб сармата со брашно и црвен пипер, наредете одозгора коцки путер и ставете да се запечи, некаде околу 40 мин, додека не добие убава боја. Посипете со буковска пипер.
Послужете топло, со кисело млеко или таратур.
Лиценца: Сите права се задржани
E ova e prav recept za drob sarma, onoj na koj sum naviknata :))
сфати ме погрешно: му правам тоа што сака!!!! :) :) :) :) :D :D :lol:lol:lol:
http://www.montanapalas.com.mk/hrana.html