Сарма
Срамата е јадење кое се прави од око. Многу ми е жал ако со овој рецепт не ви олеснам како да научите да правите сарма. Всушност нема баш некое правило.
За сарма се користат најголемите листови од зелката. Се двојат од главичката и се оставаат на страна. Ќе одвоите толку листови колку што сакате да има парчиња сарма.
Во тавче на оган сипете зејтин и чекате да се загрее. Во зејтинот го ставате сецканиот кромид,меленото месо и пропржувате. Го додавате и оризот и пропржувате уште малку. Го тргате од огин и почнувате со полнење на листовите зелка. Во секој лист од прилика оди по една голема лажица од пржената смеса(зависи од големината на листот, може и помалку), па потоа се витка. Не можам убаво да ви го објаснам начинот на виткање, меѓутоа и не е најважен. Важно е само да не испаѓа смесата од листот.
Во големо тенџере, на дното ставаме два три големи листови зелка за да се покрие дното и врз тие листови ги редиме сармите. Кога ќе ги ставиме сите сарми, одозгора пак ставаме листови зелка, сипаме вода да ги прекриеме сармите и покриваме со капакот.
Во сармите се додава сол и бибер по вкус, а ако сакате, може и запршка со црвен пипер и малку димено месо(сланина или св. врат) за шмек.
Се става на огин додека не почен да врие и потоа огинот се намалува до степен сармата да не врие туку да клокоти тивко. Се крчка така од прилика 3 часа на тивко. Треба листовите од зелката да се кинат на лесен допир со вилушка. Тогаш ќе знаете дека сармата е готова. Во принцип, не може да се утне и да остане ЖИВА, бидејки сите состојки се веќе обработени, а оризот брзо ќе се свари.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
во моето семејство не сакаат многу запршка, па вака им е добро
ви благодарам за коментарот :)