Дариа торта
1 и 4 кора
Јајцата се кршат и се двојат белките од жолчките. Белките се матат во цврст снег, а жолчките се матат со шеќерот. Кон изматените жолчки се додаваат брашното, оревите, какаото и пецивото. Смесата се промешува со лажица и на крај се додава снегот од жолчките. Се дели на половина и се печат две кори на хартија во поголем плех бр 40.
2 кора
Белките се матат во цврст снег, а потоа им се додаваат шеќерот смоквите, оревите и брашното. Смесата се сипе во плех на хартија и се пече - суши во рерна околу 25 минути на 170 степени.
3 кора
Белките се матат во цврст снег, а потоа им се додава шеќерот и се мати додека се растопи. На крај им се додаваат сувите урми, оревите, брашното и се пече на 170 степени околу 25 минути.
фил 1
Се вари крем од пудинзите и жолчките во зовриеното млеко. Од како ќе се олади се соединува со изматениот маргарин со шеќерот и се додава растопена белата чоколада.
фил 2
Млекото се става да врие со шеќерот и какаото. Од како ќе зоврие му се додава чоколадата и се остава да олади. Кон оладениот чоко фил се додава изматениот маргарин со шеќерот во прав и се мати додека се добие кремаста структура
Тортата ја правев за мекици за внукичката, доста е голема и погодна за роденденска или друга свечена прилика.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
Klara se razbira deka ke gi ima i sekogas site samo po ubav povod da se raduvame i da gotvime:)