Гриз пена (посно)
Пред се ова е топ предлог за посно на вода, резултатот е магичен верувајте, десерт добредојден не само доколку постите туку и во секој обичен ден вкусен,економичен сега ми преостанува да се надевам дека ќе е прифатен на општо задоволство на сите.
Шољата вода и шољата гриз се мешаат заедно. Претходно на оган ги ставате оние 4 шољи вода и шеќер да се зовријат и нека варат неколку минутки, се додава гриз-кашата во него и се вари можеби некои 2 минутки (не дозволувајте да е прегуста смесата) додаваме ванила и се трга од оган. Веднаш се почнува со биење со миксер на најголема брзина точно 10-12 минути непрестано, ќе се создаде една убава бела пена.
Се служи во чаши кои претходно сме ги навлажниле со ладна вода. Тураме слој пена,слој цимет (незадолжително)најгоре додаваме некое слатко или во недостиг мармалад ќе заврши добра работа.
Уживајте го ладно или топло.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Поздрав.
таман ми се погоди, пак гости, а јас немам толку многу време за спремање колку што мислат сите кога ќе ставам фотографија :) :) :) :)
само те молам кажи ми, дали може да се спрема ден однапред и да стои во фрижидер?
не ми испадна до толку пенесто како твоето, ама се распени. ќути.... не го оплескав до толку :) :) :) :)
каде може да сум утнала?
да не го варев подолго?
ај, ќе го правам пак, нема шанси да не го правам. туку, се мислам и дали место вода, во шербетот да ставам некој сок, па автоматски да добијам овошна гриз пена....хм...ај ќе видам. прво ова да го усовршам, па после се' друго ќе приложам :)
МАШКИ гости, повторувам
5 мин спремам и после го оставам статичниот миксер да си ја врши работата.
овој пат ја поделив пената на две и во едниот дел додадов какао.
за да се нарапват убави слоеви, мора прво долниот слој да се олади во фрижидер инаку горниот ќе пропаѓа во него.
искуство ;)