Испечати

Гриз пена (посно)

Гриз пена (посно)

Состојки

  • 4 шољи вода
  • 1,5-2 шољи шеќер (зависно од вкусот)
  • 1 шоља вода
  • 1 шоља гриз
  • 2 кесички ванила шеќер,цимет
  • 5-6 лажици мармалад или слатко

Подготовка

Пред се ова е топ предлог за посно на вода, резултатот е магичен верувајте, десерт добредојден не само доколку постите туку и во секој обичен ден вкусен,економичен сега ми преостанува да се надевам дека ќе е прифатен на општо задоволство на сите.

Шољата вода и шољата гриз се мешаат заедно. Претходно на оган ги ставате оние 4 шољи вода и шеќер да се зовријат и нека варат неколку минутки, се додава гриз-кашата во него и се вари можеби некои 2 минутки (не дозволувајте да е прегуста смесата) додаваме ванила и се трга од оган. Веднаш се почнува со биење со миксер на најголема брзина точно 10-12 минути непрестано, ќе се создаде една убава бела пена.

Се служи во чаши кои претходно сме ги навлажниле со ладна вода. Тураме слој пена,слој цимет (незадолжително)најгоре додаваме некое слатко или во недостиг мармалад ќе заврши добра работа.
Уживајте го ладно или топло.