Вкусни, декоративни, жолти венчиња од тесто.

1. Се замесува тестото со млака вода, со сите состојки, па се удира едно 30-40 пати од работната површина и се остава да се дуплира.
2. Се размесува и се дели на топчиња (околу 20) во зависност колкави сакате да ви бидат венчињата.
3. Ги расукуваме по должина овално и ги расекуваме на 1 см, ама не до крај по целата должина. Ги виткаме дијагонално, па ги мотаме во круг налик на венче.
4. Секое венче го редиме во подмачкан со масло плех или пак на хартија за печење.
5. Ги премачкуваме со премазот од мајонез, зачин и вода.
6. Ги оставаме да стасаат 10-20 минути па ги печеме на 200 степени во загреана рерна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани