Медени венчиња со тиква
Исклучително меко и вкусно пециво денес ви презентирам од мојата кујна.
Во топлото млеко го ставаме медот и промешуваме за да се соединат.
Ако има потреба малку го подгреваме.
Потоа во подизладеното млеко го ставаме квасецот и лажиче брашно.
Соединуваме убаво и оставаме да се активира.
Во вангличка ги соединуваме јајцето, солта, активираниот квасец, растопениот путер и пирето од тиква.
Со вилушка убаво ја соединуваме смесата.
Постепено додаваме брашно и замесуваме мазно и нелепливо тесто.
Го покриваме и оставaме да се дуплира.
Потоа го делиме на топчиња.
Секое топче го расукуваме во мало долгнавесто кориче.
На едниот крај, по должина правиме мали засеци со нож.
Со рака по еднаш ги завиткуваме ресичките во спротивен правец.
Потоа виткаме ролатче, па формираме венче.
Вака подготвени венчињата ги редием во плех, но малку повеќе раздалечени меѓу себе.
Ги премачкуваме со јајце, наросуваме сусам и оставаме да киснат 20 минути.
Ги печиме во загреана рерна на 200 с околу 20 минути.
Испечени ги покриваме со чиста кујнска крпа да одстојат 10 минути.
Потоа ги послужуваме.
На здравје оваа убавина
Лиценца: Сите права се задржани
I na oko i na vkus se sovrseni