Велигденски, миризливи венчиња
1. Во сад се ставаат квасецот, шеќерот, лажиче брашно и млеко. Се промешува и се остава да се активира.
2. Потоа во сад се ставаат растопениуот путер, квасецот, кардамомот, шеќерот, јајцето, и се промешува со вилушка. Постепено се додава брашно и се замесуваме средно тесто. Се покрива и се остава на топло да се дуплира. Потоа од втасаното тесто се сука правоаголна кора.
3. Во мал сад се соединуваат сите состојки за премаз. Половина од кората ја премачкуваме и преклопуваме со ненамачканата половина тесто.
4. Сега сечеме долги ленти, околу 8,9. Секоја лента ја засекуваме во средината но не до крај. Како на сликата. Траките ги испреплетуваме меѓусебе. Формираме венче. Постапката е иста со целиот материјал.
5. Ги редиме во нелепливо тава, или тава во која има ставено хартија за печење.
Ги покриваме и оставаме да киснат.
Ги премачкуваме со јајце, наросуваме кафен шеќер и ги печеме во загреана рерна околу 25 мин.
Сервираме топли со чај, кафе...
Лиценца: Сите права се задржани
Ќе ги пробаме Кате,што не се пробало во кујнава, ќе ги вкусиме и овие убавини.
Туку ти ќе ги направиш за час.
Мн убавки беа