Испечати

Велигденски, миризливи венчиња

Велигденски, миризливи венчиња

Состојки

  • 20гр свеж квасец
  • 150мл топло млеко
  • 1лажиче шеќер
  • 1лажиче кардамом во прав
  • 50гр путер
  • 1/2 изматено јајце
  • 2.3лажици Кафен шеќер
  • Околу 300гр брашно
  • За премачкување на тестото
  • 40гр путер
  • 40гр мармалад од шипки
  • 2.3лажици мелен орев
  • 1лажиче цимет
  • Шеќер по желба и потреба
  • Кафен шеќер за одозгора
  • 1/2јајце за премачкување

Подготовка

1. Во сад се ставаат квасецот, шеќерот, лажиче брашно и млеко. Се промешува и се остава да се активира.
2. Потоа во сад се ставаат растопениуот путер, квасецот, кардамомот, шеќерот, јајцето, и се промешува со вилушка. Постепено се додава брашно и се замесуваме средно тесто. Се покрива и се остава на топло да се дуплира. Потоа од втасаното тесто се сука правоаголна кора.
3. Во мал сад се соединуваат сите состојки за премаз. Половина од кората ја премачкуваме и преклопуваме со ненамачканата половина тесто.
4. Сега сечеме долги ленти, околу 8,9. Секоја лента ја засекуваме во средината но не до крај. Како на сликата. Траките ги испреплетуваме меѓусебе. Формираме венче. Постапката е иста со целиот материјал.
5. Ги редиме во нелепливо тава, или тава во која има ставено хартија за печење.
Ги покриваме и оставаме да киснат.
Ги премачкуваме со јајце, наросуваме кафен шеќер и ги печеме во загреана рерна околу 25 мин.

Сервираме топли со чај, кафе...