22
сеп
2013
Вафли со зеленчук и брашно од хељда
Јајцата убаво изматете ги, додадето го млекото, па потоа и брашното. На крај додадете ги и изренданите компири и морков. Убаво промешајте со лажица и посолете по вкус.
Апаратот за печење вафли загрејте го и премачкајте ја површината за печење со малку зејтин. Ставајте по 2-3 лажици од смесата и печете на умерена температура додека малку да поцрвенат.
Послужете ги со павлака.
Наместо брашно од хељда може да употребите ржано или пченично интегрално брашно. Морковот може да го замените со тиквица или спанаќ. Ако немате апарат за вафли, пржете ги во мало тавче кое не лепи (како американските палчинки).
Пробајте, може ќе ви се допаднат...
Лиценца: Сите права се задржани
Fala ti Klara za cestitkite :)
мислев да не купувам вакво тостерче за вафли, туку да купам еден голем на кој што му се менуваат плочите. јас сум од тие практичните. ама кога ќе видам вафла срце, срце ми застанува. само тоа е вафла....еххх (издишува) :) :) :) :)
Се проба и солената верзија :) Не дека немав морков, ама место него изрендав многу мала главица кромид, па потоа доадов пармезан и на крај најдов заостанат кашкавал, е со кашкавалот беа врв :) Но, сепак сите се сложивме дома дека апаратот за вафли би го преферирале првично за благи вафли :))) Ти благодарам за рецептот :)