Палачинки со брашно од хељда
Брашното од хељда има дава на овие палачинки впечатлив вкус. Не би можела точно да го опишам вкусот, но некако најблизу ми е до вкус на јаткасти плодови. Пробајте, верувам дека и вам ќе ви се допаднат.
Јајцата изматете ги со шеќерот и солта, додадете го млекото, зејтинот и брашното и продолжете со матење за да добиете густа смеса за палачинки. Оставете го тестото да отстои 1 час на собна температура.
Промешајте убаво, по потреба доколку ви се гледа смесата густа додадете уште сосема малку млеко.
Пржете палачинки на умерена температура во нелепливо тавче.
Филувајте по желба.
На сликата палачинките се филувани со мед и мелени ореви.
Пробајте да измешате бело брашно со брашно од хељда, количината си останува иста, а вкусот исто така убав!
Лиценца: Сите права се задржани
Ova brasno od heljda e marka na dm marketite...pobarajte vo niv, mozebi tamu ke moze da go najdete :)
Heljdata upiva mnogu voda, ako toa prasuvase Eliza... Taa vsusnost ne e zitarka, nema voopsto gluten i od cisto heljdino brasno leb i kiflici, na primer, ne moze ubavi da ispadnat, mora so obicno brasno da se izmesa, barem vo soodnos 50:50. I taka, hidracijata na testoto ke treba da ja nagodis nekade 70%, barem jas taka mislam, zosto so stoenjeto, pri kisnenje, na primer, dopolnitelno ke se stvrdnuva testoto.... A moze nekoj podobro znae i ke ne informira site :))) Toa e delot koj najmnogu go sakam na stranicite za giotvenje, da naucam ona sto ne go znam, a nekoj veke go probal....
Секако да не заборавам да ги пофалам и палачинките, одлично изгледаат :)
I ovde samo rabotna fotografija, zosto posle ke nema uslovi za slikanje....
So brasno kako kaj Beti na slikata, po sostav 70% pcenicno, 30% heljdino. Jas dodadov uste nekade 100 ml mleko, kaj mene doma tenki palacinki sakaat, maz mi doruckova i gi bendisa :)))) Ako ostani vreme denes, i jas ke se obidam leb da napravam....
Fala ti za ubaviot recept :)
Uste ednas golemo fala do tebe! :)
Претходно имав од други извори.
Еве јас, прва се обетив, ама од мрза Лили ме претекна :) Сепак, испробани, вкусни, убави и меки. КАј мене еден дел по рецептот, друг дел попечени (тие за мое задоволство :) ) и на повеќе од пола смеса додадов вода маклу повеќе од една чаша (намерно беше вода, така си сакав :))) ) и плус си додадов шеќер за да бидат директно благи :)))
Првите, односно оваа е првата или втората со ја сликнав, така реш печена и со крем и ореви (мед имам на претек, ама ме мрзеше да го отворам хаха)
... во јадење :)))