Испечати

Вафли со зеленчук и брашно од хељда

Вафли со зеленчук и брашно од хељда

Состојки

  • 2 јајца
  • 250мл. млеко
  • 150 гр. бело брашно
  • 100гр. брашно од хељда
  • 3 компири со средна големина
  • 1 морков
  • сол по потреба

Подготовка

Јајцата убаво изматете ги, додадето го млекото, па потоа и брашното. На крај додадете ги и изренданите компири и морков. Убаво промешајте со лажица и посолете по вкус.
Апаратот за печење вафли загрејте го и премачкајте ја површината за печење со малку зејтин. Ставајте по 2-3 лажици од смесата и печете на умерена температура додека малку да поцрвенат.
Послужете ги со павлака.
Наместо брашно од хељда може да употребите ржано или пченично интегрално брашно. Морковот може да го замените со тиквица или спанаќ. Ако немате апарат за вафли, пржете ги во мало тавче кое не лепи (како американските палчинки).
Пробајте, може ќе ви се допаднат...