Бунгур по рецептот на баба
Бунгур немав јадено од времето кога бев дете. Мојата баба редовно го подготвуваше и уште ми стојат сликите пред очи како го мелевме со два камена.
Е сега затоа што јас немам камења да мелам, решив со Меџик Буллет – Блендер да сомелам пченица и да си направам бунгур.
Откако ја сомлев пченицата, почнав да подготвувам.
Запржив кромитче на малку масло. Додадов ситно сецкано морковче, пиперче и патлиџан. Сварените три копанчиња ги исчистив од кожата и коските и ги ставив во сад. Посолив зачинив и така подготвени ги префрлив во тавчето на оган. Попржив мевцето да се запржи. На крајот ја додадов мелената пченица. Попржив уште малку и полеав со водата во која се вареа копаните.
Тавата ја ставив во вжештена рерна и оставив да се пече.
Колку беше вкусно не можам да ви опишам. Ми се врати назад времето... вкусот беше истиот тој ...што го помнам.
Печеме како оризот, водата ќе испари, бунгурот е варен и има фатено убава црвеникава кора на површината.
Ние имавме убав ручек, а вие ..пробајте па кажете ..... На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови