Пилешкото се вари на тивок оган во малку посолена со сол вода. Кога ќе биде при крај со варењето кромидот се запржува на масло за јадење. Откако ќе се запржи малку се додава и бунгурот и тој да се пропржи малку. Потоа се додава од водата во која се вареле копаните, се зачинува со мелен црн пипер и мешан зачин и се остава некоја минута да се повари и се додава месото и се става во рерна да се пече.

Забелешка
Јас ставам онолку колку што ми е потребно. Вие може да ставите или помалку или повеќе пилешко или бунгур.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови