11
фев
2014
Ќофтиња по рецептот од сверквата
Овие прекрасни ќофтиња ги прави свекрва ми со децении. Превкусни се!
Рецептот целосно е превземан од неа и со нејзина дозвола објавен.
1. Меленото месо се става во длабок сад и се додаваат следните состојки
2. Кромидот се ренда на средно
3. Од бајатиот леб се дроби само средината
4. Едно цело јајце
5. Ситно сечканиот магданос
6. Зачините
Сето ова добро се меша со рака и се прават ќофтиња со големина колку дно на чаша, се расплескуваат малку и се пржат од двете страни наизменично во врел зејтин околу 5-10мин. Се ставаат на хартија да ја впијат вишокот мрснотија, па се послужуваат топли. Мене ми излегуваат околу 10-12 ќофтиња.
Прекрасно се комбинира со бела каша или шпански тортиљи.
Лиценца: Сите права се задржани