Се замесува тестото и се остава да стаса, да ја удвои масата.
Додека тестото кисне, се подготвуваат филовите.

1. Фил
Во сад се става млекото со шеќерот да проврие на оган, откако ќе проврие се постепено се додава белката (предходно изматена со вилушка), се трга од оган и се додаваат и оревите.
2. Фил
Во сад се става млекото со шеќерот да проврие на оган, се става афионот и заедно врие околу 10 минути, се додава и гризот, се вари уште 2 минути се трга на страна, се додава и ванилата.
И двата фила се оставаат да се оладат.

Откако тестото ќе стаса се дели на два еднакви дела. Од секој дел се развлекува правоаголна кора со должина од околу 55 цм. Првата кора се филува со првиот фил и се витка во ролат, другата се филува со вториот фил и тој се витка во ролат. И двата ролата во должина се засекуваат но не до крајот, како на сликата подолу. Потоа двата ролата засечени се виткаат еден околу друг како плетенка.
Ја ставаме плетенката во подмачкан куглоф плех со маргарин да отстои 15 минути и после се премачкува со жолчка и се става да се пече 15 минути на 200 степени и уште 25 минути на 175 степени.
Штрудлата откако ќе се испече јас ја вадам од куговот и завиткувам во хартија, па во пешкир и ја оставам 30 минути да се олади, да биде мека и после може да се сече на парчиња и да се послужи или како десерт или како појадок со млеко.
Пријатен апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови