Брза роденденска торта
Кога се ближи роденденот, а времето е кратко, еве еден брзински рецепт за роденденска торта. На почетокот не мислев да ја поставувам овде, но потоа се премислив... можеби ќе се најди некому како идеја, па...
Со млекото, прашокот за пудинг и шеќерот сварете пудинг. Додадете го маргаринот мешајте додека се растопи, па смесата поделете ја на 2 исти дела.
Во првиот дел додадете стопено црно чоколадо и мелените лешници, а во другиот белото чоколадо и мелените ореви.
Ставете ја првате кора и премачкајте 1/3 од белиот фил. Над филот наредете ги чајните тркалца предходно намакани во млеко и потоа прекријте ги со останатиот фил.
Ставете ја втората кора и на ист начин филовајте го црниот фил во кој ќе наредите чоко бананчиња и прекријте со третата кора.
Иматете ја павлаката и премачкајте ја целата торта. Украсете по желба. Во овој случај страничите се со чоколадни трошки а одозгора со чоко флипс, харибо и бони топ бомбончиња и парчиња желе.
Лиценца: Сите права се задржани
Sega dopisi si recept za korite, za cajnite kolacina, dobro za banancina imas i za zele bombonite odozgora, pa da lajkuvam :)))