Болоњезе во рерна
Малку поинаква варијанта од класичната, се надевам ќе ви се допадне.
1. Кромидот ситно и лукчето ставете ги во тава со малку маслинов зејтин да се пропржат. Кога ќе омекнат додадете го меленото месо и продолжете со пржење додека не добие убава кафена боја. Додадете го сенфот, промешајте па додадете го доматниот сос. Додадете босилек и сол и бибер по вкус, промешајте и оставете на тивко да крчка.
2. За тоа време во поголемо тенџере на оган ставете вода да се зоврие па потоа додадете ги јуфките. Варете многу кратко (3-4 мин.) Одделете околу 150мл. од водата во која се вареа па потоа прецедете ги во цедалка и исплакнете со вода за да не се залепат.
3. Во зависност колку од течноста испарила во сосот додадете од водата (највеќе до 150мл.). Потоа додадете го сосот во тестенините, промешајте убаво и префрлете ги ви тава за печење. Ставете да се печат во загреана рерна 20тина минути, потоа извадете ги, изрендајте го кашкавалот од горе и вратете во рерна уште 10-15 мин. Оставете малку да се изладат па послужете.
Добар апетит =)
Лиценца: Сите права се задржани
Лили за жал немам направено јуфки, немам баш каде да ги сушам ... ама за среќа има по некоја тетка што прави одвишок па споделува :) ... инаку конкретно рецептов е подготвен со купени.