Болоњезе макарони во рерна со парченца телешко
Месото се вари додека стане многу меко, откако ќе се свари месото се подготвува сосот. Кромидот се сецка ситно и се става во тавче со малку масло на оган се запржува потоа му се додава ситно изренданиот лук, потоа се додаваат ренданите домати и се пржи 15-ина минути. Се додава месото раздробено на конци и 100 мл. од бујонот, со останатите 150 мл. бујон се залива фантот кој се додава на смесата со месото. По желба и потреба се додава сол, црн бибер, црвен пипер и босилек, се вари уште малку и се тргнува од оган.
Макароните се варат во врела подсолена вода за кратко за да се доготват во рерната.
Во тава се ставаат макароните и сосот, се промешува и се става во рерна за половина час, потоа се додава кашкавалот и се печи уште 4-5 минути додека се растопи кашкавалот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови