
23
мај
2012
Макарони од рерна
1. Се премачкува тавчето со путер или маргарин.
2. Се мешаат јајцата со водата, млекото и зејтинот.
3. Се истураат макароните (не варени) во тавчето, се додава иситнетото сирење и се прелива со течноста. Макароните треба да се прекриени со течноста, а до колку не се, треба да се додаде уште малку газирана вода.
4. Се пече на 200 ст С додека поруменат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
гледам дека сите состојки ги имаме по дома. фала за ручеков :) :) :) :)
додадов и малку печурчиња ропржени на маслиново масло и ептен ми дојде убаво :)
Фала ти за прекрасниот рецепт. Јас уште од страт додадов уште една чаша вода и таман ми беше, затоа што не ми допокриваа до горе убаво и тоа обична, оти газираната се уште е во маркетот и чека ја ја пазариме :)))) Мислам дека од сега мојата мрзенкост само вака макароните ќе ги спрема во рерна, неварени пред тоа :)