Макарони од рерна
Состојки
- 400 гр макарони
- 1 чаша газирана вода
- 1 чаша млеко
- 1/2 чаша зејтин
- 250 гр сирење или колку сакате
- 4 јајца
Подготовка
1. Се премачкува тавчето со путер или маргарин.
2. Се мешаат јајцата со водата, млекото и зејтинот.
3. Се истураат макароните (не варени) во тавчето, се додава иситнетото сирење и се прелива со течноста. Макароните треба да се прекриени со течноста, а до колку не се, треба да се додаде уште малку газирана вода.
4. Се пече на 200 ст С додека поруменат.