Ова е комбинација на бело и темно чоколадно.
Се матат јајцата со шеќерот, брашното и пецивото. Се печи на 180-20мин. Никако да го двоите тестото кое е испечено од калапот. Само да се остави во калапот и да се олади, бидејќи во него ќе се става филот кој ако се одлепи пандишпанот може да истече филот.

Бел крем
Се вари млекото со шеќерот се додава белата чоколада и се топи. Се оладува смесата и се додава матената слатка павлака. Потоа се става желатинот кој претходно се раствара во вода(напишано е упатство на самата кесичка)

Темен крем
Се исто само што се става црна чоколада.

Начин на редење
Врз пандиспањот кој НЕ СМЕЕ да се вади од калапот се става црната крема, а врз него се шара со бела крема.Се остава во калапот со обрач(24)и се лади. Кога ќе се олади се отвара целиот обрач.Пријатно!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови