Торта со бело и црно чоколадо
Подготовка
Белките ги матиме со шеќерот. Кога се изматени додаваме презла, сецкано чоколадо и брашно и промешуваме.
Печеме во загрена рерна на 250 степени по потреба постепено намалуваме.
Постапката ја повторуваме со уште две кори.
Во две третини од млекото го додаваме шеќерот и ставаме да зоврие во преостанатото млеко го раствараме пудингот и нишестето кое го сипуваме во зовриеното млеко и вариме густ крем. Кога е доволно густ кремот го оставаме да истине.
Во жолчките додаваме 100 гр шеќер, промешуваме и ги матиме на пареа на мала температура додека да се згустат а потоа и нив ги оставаме да се изладат.
Маргаринот го матиме со шеќерот во прав потоа постепено ги додаваме изладените жолчки, а потоа изладениот крем се заедно соединуваме.
Во две третини од кремот ставаме растопено и изладено црно чоколадо, а во преостанатото бело чоколадо.
Филуваме кора , црн фил ,кора ,бел фил, кора ,црен фил декорираме по желба .
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови