Видео рецепт: Торта со тиквички и чоколадо
Да. Добро слушнавте. Тиквички во чоколадна торта. За овој алтернативен рецепт за чоколадна торта е потребно масло наместо путер и помала количина брашно затоа што тиквичките делуваат како замена. Сметаме дека нема компромис кога е во прашање вкусот!
Состојки
- 350 грама брашно
- 3 супени лажици прашок за пециво
- 1 кафена лажичка сол
- 50 грама какао во прав
- 175 милилитри студено цедено маслиново масло
- 375 грама шеќер
- 3 јајца
- 2 кафени лажички екстракт од ванила
- 1 голема тиквичка
За глазурата ќе ви треба
- 100 грама млечно чоколадо
Подготовка
Чекор 1: Во длабок сад измешајте ги брашното, какаото во прав и солта.
Чекор 2: Земете уште еден длабок сад и во него измешајте ги маслиновото масло, шеќерот, јајцата и екстрактот од ванила, а потоа во него изрендајте ја тиквичката.
Чекор 3: Измешајте ги двата елемента (течниот и сувиот) со електричен миксер неколку минути додека да се спојат.
Чекор 4: Намачкајте ја големата Делимано тава за рерна со масло и во неа сипете ја смесата. Распространете ја смесата низ целата тава и печете 30 минути на температура од 160 степени. Можеби ќе треба да го корегирате времетраењето на печењето во зависност од длабочината на тавата за рерна која ја користите.
Чекор 5: За да ја направиме глазурата едноставно топиме чоколадо во сад врз жешка вода која полека испарува. Во зависност од квалитетот на чоколадото, во садот можете да ставите и путер или млеко за да стане светкаво.
Чекор 6: Извадете ја тортата и оставете ја да се излади, а потоа исечете три четвороаголника со еднаква големина. Наредете ја тортата во слоеви на чинија и прелијте ја со смесата од стопено чоколадо. Покријте ја тортата отстрана и одозгора, а потоа ставете ја во фрижидер за чоколадото да слегне.
Чекор 7: Сервирајте на чинија – ние на готовиот рецепт му ставивме рендано чоколадо одозгора. Исечете едно парче и уживајте со пријателите.
СОВЕТ: Кога е во прашање чоколадото, колку е поквалитетно – толку помалку шеќер содржи. Луѓето често претпочитаат ефтино чоколадо затоа што уживаат во неговиот сладок вкус, но ако сакате автентичен вкус на чоколадо, направете чекор повеќе и побарајте чоколадо со висок процент какао.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Ростер
како што рековме, по повод новата моирецепти.мк - еве една торта од нас, соодветна за прославата :)
Da ne pocnam so zamerki, ama jas komentarite ne gi gledam, i sega kako da "go sledam dejstvieto" ????
Инаку, како што и на насловната пишавме, можни се грешки - а има и некои опции кои сеуште не се вклучени. За ден-два очекуваме се да биде тука.
Но, за сите вакви грешки и недостатоци кои ќе ги забележите, навистина ќе ни помогне ако ни пишете порака на маил (или на Фејсбук, оние со кои таму контактираме). Денес веќе неколку од вас најактивните членови ни помагаа со тестирање на опции :)
Ви благодариме
ај ќе ви верувам, башка на подарен коњ во заби не му се гледало :) :) :) :)
да си честитаме што пак сме заедно, ама овој пат фаст енд фјуриус! :)
А сега погледнете десно кај коментарите и кликнете на Сите коментари ;)
pozdrav
Поздрав