Торта лазања со тиквички
Рецептов ми стои од летоска, кога тиквичките се многу евтини, ама за сите љубители на тиквички да го постирам сега да не го заборавам.
Тиквичките со лупалка за компири се сечат на тенки ленти. За најлесно да ги исечете, рачката на тиквичката не ја отсекувајте за да можете да ја држете тиквичката за неа и полесно да сечете ленти.
Во тенџере ставете го путерот да се растопи,постепено додадете го брашното, јајцата и млекото и мешајте континуирано на тивок огин за да не ви се направат грутчиња. Доволно е 4, 5 минути за да се соединат состојките. На тавче премачкано со путер ставете хартија за печење. Наредете еден слој од лентите тиквички, прелијте од смесата и ставете ленти кашкавал. Врз него повторно наредете од лентите тиквички па смеса и кашкавал. Повторете за да ги истрошете сите состојки. Во помало тавче тортата ќе ви излезе повисока, јас користев тава бр28. На крај завршете ја тортата со кашкавал на површината. Ставете да се пече околу 30 минути на 180 до 200 степени. Послужете со шери домати. Добар апетит.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови