Испечати

Видео рецепт: Торта со тиквички и чоколадо

Видео рецепт: Торта со тиквички и чоколадо

Да. Добро слушнавте. Тиквички во чоколадна торта. За овој алтернативен рецепт за чоколадна торта е потребно масло наместо путер и помала количина брашно затоа што тиквичките делуваат како замена. Сметаме дека нема компромис кога е во прашање вкусот!

Состојки

  • 350 грама брашно
  • 3 супени лажици прашок за пециво
  • 1 кафена лажичка сол
  • 50 грама какао во прав
  • 175 милилитри студено цедено маслиново масло
  • 375 грама шеќер
  • 3 јајца
  • 2 кафени лажички екстракт од ванила
  • 1 голема тиквичка

За глазурата ќе ви треба

  • 100 грама млечно чоколадо

Подготовка

Чекор 1: Во длабок сад измешајте ги брашното, какаото во прав и солта.

Чекор 2: Земете уште еден длабок сад и во него измешајте ги маслиновото масло, шеќерот, јајцата и екстрактот од ванила, а потоа во него изрендајте ја тиквичката.

Чекор 3: Измешајте ги двата елемента (течниот и сувиот) со електричен миксер неколку минути додека да се спојат.

Чекор 4: Намачкајте ја големата Делимано тава за рерна со масло и во неа сипете ја смесата. Распространете ја смесата низ целата тава и печете 30 минути на температура од 160 степени. Можеби ќе треба да го корегирате времетраењето на печењето во зависност од длабочината на тавата за рерна која ја користите.

Чекор 5: За да ја направиме глазурата едноставно топиме чоколадо во сад врз жешка вода која полека испарува. Во зависност од квалитетот на чоколадото, во садот можете да ставите и путер или млеко за да стане светкаво.

Чекор 6: Извадете ја тортата и оставете ја да се излади, а потоа исечете три четвороаголника со еднаква големина. Наредете ја тортата во слоеви на чинија и прелијте ја со смесата од стопено чоколадо. Покријте ја тортата отстрана и одозгора, а потоа ставете ја во фрижидер за чоколадото да слегне.

Чекор 7: Сервирајте на чинија – ние на готовиот рецепт му ставивме рендано чоколадо одозгора. Исечете едно парче и уживајте со пријателите.

СОВЕТ: Кога е во прашање чоколадото, колку е поквалитетно – толку помалку шеќер содржи. Луѓето често претпочитаат ефтино чоколадо затоа што уживаат во неговиот сладок вкус, но ако сакате автентичен вкус на чоколадо, направете чекор повеќе и побарајте чоколадо со висок процент какао.

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Ростер
Ростер