7
ное
2014
Брза торта со бело чоколадо, бисквити и пудинг
Еве една брза тортичка а многу вкусна.
Во поголем дел од млекото додајте шеќер и ставете да зоврие во другиот дел растворете го пудингот и кога ќе зоврие млекото ставете го пудингот. Во сварениот пудинг го ставете го чоколадото и мешајте додека се истопи. Оставете да се излади на собна температура. Ви посебен сад изматете го путерот и полека додавајте го изладениот пудинг и матете да се соедини смесата. Секоја бисквита натопете ја во млеко и наредете во плех па премачкајте од филот и повторувајте додека не го потрошите целиот материјал. Изматете го шлагот премачкајте ја тортата и украсете ја со рендано чоколадо...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови