Најпрво изгмечете ги бананите и во нив ставете ја содата.
Потоа измиксајте го путерот со шеќерот и јацето, додајте ја бананата и уште малку измиксајте. Потоа ставете ги и другите продукти, а чоколадото исецкајте го и ставете го на крајот мешајќи со лажица.
На плех покриен со хартија ставајте со мало лажиче од смесата и печете ги на 180 степени, десетина минути, кога ќе поруменат малку по краевите, готови се...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови