4
апр
2020
Овесни колачиња со банана
1. Бананата ја пасираме, лененото семе ситно го мелиме. Чоколадото го сецкаме на ситни коцки
2. Во длабок сад го ставаме кокосовото масло и циметот, промешуваме. Ја додаваме пасираната банана, лененото семе и екстрактот од ванила, промешуваме.
3. Во смесата ги додаваме овесните снегулки, чиа семето, вишните, оревите и темното чоколадо. Промешуваме.
4. Од смесата формираме топчина, ги редиме на плех обложен со хартија. Топчината лесно ги сплесуваме со рака. Печиме во загреана рерна на 180 степени 15 минути.
• Шолјата е од 250 мл
Лиценца: Сите права се задржани