Овесни банана мини палачинки
Овесни банана палачинки. Здрав и превкусен доручек кој го направив само за да ги искористам двете презреани банани кои ги имав заборавено во фрижидерот. И јајцата и млекото кои ги користев беа селски. Од оваа количина се добиваат 2 порции.
Подготовка:
1. Сите состојки се ставаат во нутри булет и се миксираат кратко. Ќе се добие смеса како за палачинки. Ако е прегуста, додадете малку течност.
2. На намастено тавче се истура од смесата за да се печат истовремено 6-7 мини палачинки и се печат нормално како другите палачинки. Вниматeлно превртете ги од другата страна зашто се понежни од палачинките со брашно. Тавчето намастувајте го по малку при секоја нова тура, Овие палачинки не впиваат масло како другите.
Комбинирајте по желба, моите ги направив со малку мед (зашто се благи од бананата), ореви и боровинки. Прекрасни се.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови