Брзи палачинки со овесни снегулки и банана
Брзи, вкусни и здрави палачинки со овесни снегулки и банана.
1. Најпрво ги мелеме ситно овесните снегулки во блендер, потоа ги додаваме бананата, јајцата, млекото и мешаме во блендерот додека не се добие убава смеса, и потоа го додаваме екстрактот од ванила.
2. Смесата е малку погуста и леплива но јас со дрвена лажица обично ја вадам. Ги печеме по 1-2 минути во загреано тавче за палачинки. Откако се готови ги ставаме една врз друга, ставаме парченца банана, и малини кои ги разбиваат благиот вкус.
Од горе ги полеваме со малку мед.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови