Во тенџере на оган се става шеќерот, какаото, путерот, млекото и прстофат сол, да се растопат состојките и да се соединат. Од како ќе се растопат состојките се остава да проврие една минута.
Се трга настрана и се додаваат овесните снегулки, оревите и 2 лажици кокосово масло. Се остава малку да се излади и повремено се промешува.
Доколку ви изгледа течна смесата, може да додадете уште некоја лажица мелени ореви, но имајте во предвид дека кога ќе се излади ќе се стегне.
Кога е подздрвена смесата (но не премногу) со лажица формирајте кругови врз хартија за печење, и оставете ги така неколку часа за да се стегнат.

Совет-Прв пат ги правам и за мој вкус беа малку благи. Може да намалите на шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови