Банана лајт колачиња
Би сакала да ви претставам едни малку поинакви колачиња од вообичаените, без брашно, шеќер, масти кои слободно можат да влезат во категорија на здрави велнес колачи.
Изгмечете ги бананите, додајте ги овесните снегулки, циметот и овошјето, па се убаво измешајте.
Јас од овошје ставив сушено манго, суви црни сливи и гоџи бобинки во грстови, но одприлика дојде колку 1 шолја или малку повеќе. Вие можите да ставите она што имате по дома или она што ви е по волјата на вкусот. Јаткастите плодови се исто така препорачливи за поубав вкус, кои кај мене овој пат изостанаа бидејќи ни зрно не се наоѓаше по дома.
Со помош на лажица ставајте купчиња врз плех предходно обложен со пек хартија.
Печете ги во загреана рерна на 180Ц околу 25 минути, односно дедека малку не отемнат и добијат боја.
Од оваа доза јас добив 20на колачи, доволна за прво испробување. Доколку сакате повеќе, дуплирајте ги состојките.
Грицкајте без грижа на совеста ;)
Лиценца: Сите права се задржани
Утре ќе готвиме...