Чашата е од 100 мл.
Јајцата се матат со шеќерот. Во нив се додава јогуртот и стопениот маргарин. Потоа се додава брашното измешано со прашокот за пециво и се промешува со лажица. Тестото се остава во фрижидер околу 30 мин.
Потоа се расукува на побрашнета површина. Доколку тестото е лепливо може да се умеси уште малку брашно. Одкако ќе се расука се сечат кругчиња, тие да бидат поголеми од кругчињата банана.
Врз секое кругче се става едно кругче банана а врз неа една коцка чоколада, одозгора се покрива со друго кругче од тестото. Краевите се притискаат со вилушка или со чепкалка. Се печат или на хартија или врз подмачкано тавче, на 180 степени додека да заруменат од двете страни.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови