Испечати

Банана колачиња

Банана колачиња

Состојки

  • 120 гр путер
  • 1 чаша шеќер
  • 1 јајце
  • 2 големи банани
  • 1 лажиче сода бикарбона
  • 2 чаши брашно
  • 1 чаша сецкани ореви
  • 1/2 чаша кокос
  • по 1/2 лажиче цимет, каранфилче, мускатно оревче
  • 50 гр. чоколадо со што повисок % какао

Подготовка

Најпрво изгмечете ги бананите и во нив ставете ја содата.
Потоа измиксајте го путерот со шеќерот и јацето, додајте ја бананата и уште малку измиксајте. Потоа ставете ги и другите продукти, а чоколадото исецкајте го и ставете го на крајот мешајќи со лажица.
На плех покриен со хартија ставајте со мало лажиче од смесата и печете ги на 180 степени, десетина минути, кога ќе поруменат малку по краевите, готови се...