Баба Јулкина сува пита - посно
Секогаш немало фрижидери, тие не биле ниту поим, но нашите баби и пра-баби секогаш знаеле како да спремаат и спреманото да остане сочувано. Овој рецепт е таков, да не беше нашата Јелена, немаше да знам за ваква пре-прекрасна сува пита. Таа раскажа како дошла до рецептот за да почне да сама ја спрема питата бидејки била со години само дегустатор. Откако веќе го склопила рецептот, напиша и притоа замоли вака
“Имам једну молбу за све вас, а то је да вам у прикрајку мозга остане забележен овај рецепт, да га можда једног дана направите, да рецепт проследите, па да се овакве ствари заиста сачувају од заборава. Била бих вам јако захвална на томе! А, када не знате шта да поклоните некоме, однесите овај колач упакован са машном некој себи драгој особи, заједно са рецептом“
Јас послушна, направив, останав презадоволна, еве стои затворена питата (ама ке излажам ако кажам дека не ја пробав уште наредниот ден, едвај се воздржуваме да не ја докрајчиме, - едвај)
- Исечкајте го ситно сувото грозје и измешајте со мелените ореви. Поделете на 5-пет еднакви дела.
Оваа пита се мота од по три кори. Значи - се прават 5 ролни. Корите ги поставите така што краткта страна да биде свртена од кај вас.
- Првата кора попрскајте ја со 2 лажици зејтин, врз него посипете 2 лажици шеќер по целата кора, ставете ја другата кора - повторете ја предходната постапка, ставете ја сега третата кора - попрскајте ја со 2 лажици зејтин - посипете ја кората сега со 3 лажици шеќер, посипете цимет и ванила - по целата кора. Земете 1/5 од мелените ореви измешани со сецканото суво грозје и посипете ги крајните - долните 2/3 од кората.
Значи редлоследот е вака - 1.кора, зејтин - шеќер, 2. кора, зејтин, шеќер, 3. кора, шеќер, цимет ванила и ореви.
Откако сте посипале со оревите, премачкајте околу 1 см. од почетокот на корите со зејтин, па полека почнете од кратката страна да мотате во ролат притоа водејки сметка дека од почетокот правете мала ролничка - да не е широк преклоп. Не многу цврсто мотајте во ролат - после неколку мотања убво со раката израмнете ја од едниот до другиот крај и продолжете да мотате. Ставете ја во плех обложен со хартија за печење.
Се така додека ги замотата сите кори. Излегуваат 5 ролати.
Намрснете ги рацете со зејтин и поминете по веќе наредените ролати. Откако ова сте го завршиле, попрскајте ги корите со малку вода. Ставете да се пече на 170-180 степени околу 20-30 мин.
Печена извадете ја од рерната, веднаш ја попрскате додека е врела со малку вода, покријте со друг плех да се малку запари - околу 30 мин. нека стои. Немојте предолго да ја оставите поклопена - не е потребно да одкапува вода на питата. Навлажнете чаршавче или крпа кои е потребно да бидат добро исцедени, покријте ја питата но внимавајте да не ја допира и оставете ја нека се лади околу 1 час. Потоа одкријте ја, таа е сеуште млака, оставете ја да се доолади така непокриена.
Оладената пита исечете ја на парчиња во големина од околу 3,5 см. или пак вие како сакате, потоа земајте едно по едно парле и валкајте го во прав шеќер. Веднаш парчињата сложувајте ги во кутија, затворете ја кутијата и оставете сега магијата да почне. Вака веќе спремената пита чувајте ја на ладно, но не во фрижидер. Оставете нека стои околу 20 дена. Се вели - да зрее, таман за Божиќ ќе биде.
На крај само да појаснам, се работи за сува пита, а не за баклава, немој случајно да сте очекувале дека ќе јадете нешто слично на баклава - така меко, не - ова е крцкаво, фино, убаво, вкусно-превкусно, едноставно бајковита е.
Ова пита со право треба да си биде на своето прво место, а потоа по неа нека се редат по неа останатите пити...
Јелена - јас сум благодарна за рецептот, го објавувам и овде рецептот - како што велиш ти - да го сочуваме од заборав. Баба Јулкината пита е пита бр.1...
Лиценца: Сите права се задржани
Jas Lili ti blagodaram sto svrati i iskomentira, a so samoto toa i potvrdi deka kolku do zvuci neobicno, sepak e vistinskata pita...
Imam malku dvoumenje za pitata, nema da mi zabelezis ako prasam :) ona suva, kolku e suva? dali se roni celata ili? abe ovie moite doma se malku "naudreni" vo vkusovite pa ne znam so da pram :) inaku kombinacijata od kori so 500 gr orevi za mene e zakon :)
Jule, ova ti dobiva nekoja struktura kako vanilici, nesto pomegu ronlivo i krckavo. Jas godinava ja pravev namesto samo so maslo, pola - pola so puter, ispadna ekstra! Eve i Beti ja proba, ke kazi :)))) E sega, za domasnite, romani ovde mozi da se pisat :)))
Inaku, nikako ne gi zalam orevite, naprotiv... kolku poveke tolku podobro :) se si velam deka ke ja napravam, imam eden drugar od Skopje, koj ke mi dojdi za praznicite, a toj ima edna "cudna" navika :)))) ke si go zemi tanjirot so kolaci i maf si gi pravi, site po red, osobeno tie so orevi :)))