Сезоната на ајвар започна и еве еден предлог од мене.
Пиперките се мијат, печат и лупат на вообичаен начин - значи да се одстранат семенките.
Морковот се вари додека убаво омекне.
Модрите патлиџани се печат, лупат и се оставаат преку ноќ заедно со исчистениот пипер да се одцедат.
Утредента се мелат низ машина за мелење месо. Зејтинот се истура во шерпа и се загрева, па врз него се истура зарзаватот. Ајварот се пржи со постојано мешање додека лажицата не почне да прави пат (народски)
Од како ќе се испржи врел се собира во врели тегли и се остава да се олади, а потоа се складира.
На крај одкако ќе биде готов кај нас задолжително се печат колбаси на жар и ајварот може да се проба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела