23
мар
2021
Салата од модар патлиџан и морков
1. Модрите патлиџани испечете ги и излупете ги. Потоа иечете ги на ленти.
2. Морковите излупете ги и изрендајте ги.
3. Во сад ставете го морковот, модриот патлиџан, ситно сечканиот лук, оцет, зејтин па посолете, промешајте и оставете на еден саат да отстои.
4. Сервирајте ја салатата во чинија. Одозгора украсете со сусам.
Добар апетит.
Лиценца: Сите права се задржани