Ајвар 3 во 1 (со морков, модар патлиџан и сенф)
Сезоната на ајвар започна и еве еден предлог од мене.
Пиперките се мијат, печат и лупат на вообичаен начин - значи да се одстранат семенките.
Морковот се вари додека убаво омекне.
Модрите патлиџани се печат, лупат и се оставаат преку ноќ заедно со исчистениот пипер да се одцедат.
Утредента се мелат низ машина за мелење месо. Зејтинот се истура во шерпа и се загрева, па врз него се истура зарзаватот. Ајварот се пржи со постојано мешање додека лажицата не почне да прави пат (народски)
Од како ќе се испржи врел се собира во врели тегли и се остава да се олади, а потоа се складира.
На крај одкако ќе биде готов кај нас задолжително се печат колбаси на жар и ајварот може да се проба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
Koga e ajvar vo prasanje sekako pominuva:)
Со здравје да се јаде Дани :)
Ajvar so sirence (od ona na LUDO) mmmmm....
кај нас само со пиперки и модар патлиџан се спрема ;)
Дани твојот ајвар и тој од Лилјана годинава ја красат нашата трпеза
So zdravje da si go jadete:)