Агнез торта (полумесечинки)
Прво се матат белките.
На страна се мати путерот со шеќерот, па се соединува со белките и се додаваат брашното и мелените ореви. Лесно се промешува.
Смесата убаво се распоредува во намастен и посолен со брашно правоаголен плех и се печи 15 минути на 180 степени.
Од кога е испечена се става врз неа смеса. 6 жолчки се матат со шеќерот и ванилата и се истураат врз испеченото тесто.
Се враќа плехот уште 10 минути во релна.
На страна во тенџере на оган се растопуваат млекото, чоколадото и шеќерот да провријаат 2-3 минути.
Се лади, па се додава изматениот маргарин и оревите.
Оваа смеса се нанесува врз испеченото тесто и најгоре се посипува со мелено ореви.
Се остава торатат да се стегни, па се сечат полумесеќинки, со помош на метален обрач.
многу декоративно, а и вкусно.
Овој рецепт е стар сигурно 30 години, а може и повеќе .
Мојата мајка ги правеше овие колачи за имиња.
Лиценца: Сите права се задржани
Од дете јас си го знам како колачот со крцкава средина (ради жолчките) и ми е еден од омилените старински рецепти. Се спремам да го правам и јас веќе не знам колку долго и никако да му дојде ред. Вкусот извонреден :)
После постот сигурно ќе се направи :)