Се матат јајцата со шеќерот пенасто, околу 5-10 мин. Потоа се додаваат млекото и маслото, уште малку се мати. Потоа се додаваат брашното, пецивото, афионот и ванилиниот шеќер. Се соединува со лопатка. Смесата се става во плех 20х40 см обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 200 степени, печете додека зарумени околу 30-40 мин.
Потоа извадете го колачот да се излади.
Со чаша сечете полумесечинки.
Може да ги премачкате со мармалад и потоа одозгора да ставите стопена чоколада или шлаг или само да поросите со прав шеќер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови